На 46-годишна возраст ненадејно почина Елвис Мекиќ, брат на познатиот македонски пејач и текстописец Елвир Мекиќ.
Веста за ненадејната смрт предизвика жалење кај блиските и познаниците на семејството.
Неговиот брат, Елвир Мекиќ, е едно од препознатливите имиња на македонската поп-музичка сцена, чија кариера започна уште во неговите тинејџерски години.

