Трагедија во Македонија: 14-годишник се удави во реката Брегалница

Трагедија се случила вчера во Македонија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се удавило малолетно момче во реката Брегалница.

-Во 16:13 часот било пријавено дека кај мост во село Истибања-Виница, во водите на реката Брегалница влегол 14-годишник кој бил со уште неколку други малолетници, за да се капат, но набргу се удавил. На местото на настанот било излезено од полициски службеници од Полициската станица Виница и екипа од Територијалната противпожарна единица и по извршеното пребарување, околу 21:30 часот било пронајдено телото на детето, а од страна на лекар била констатирана смрт. По насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството - информира полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега