Close Menu
Press24
    Најново

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
    • Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

    Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

    07.05.2026 во 20:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување на емисијата “За или против“ на ТВ АЛФА најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција, со цел тие да стапат во сила по завршување на следниот изборен процес.

    Оваа најава следува по обвинувањата на опозициската СДСМ дека полицијата се партизира и дека новиот Закон за внатрешни работи е противуставен. Тошковски оцени дека станува збор за обид на опозицијата однапред да создаде алиби за изборниот пораз што, според него, ја очекува на наредните парламентарни избори.

    „За да не им се даде алиби и да не им се остави простор да критикуваат и да бараат излезно сценарио, ќе предложам до пратениците во Собранието, најбрзо што може, измена со која и новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција ќе се одложат и ќе стапат во сила по завршување на изборниот процес“, изјави Тошковски.

    Министерот посочи дека, со оглед на тоа што редовните парламентарни избори би се одржале за околу две години, законите би требало да стапат во сила по истекот на тој период, односно по завршување на изборите. Според него, целта е изборниот процес да се одвива според истите правила кои важеле и досега, без можност опозицијата да тврди дека законските измени влијаеле врз условите за избори.

    „Сè со цел да не им дозволиме ни најмала излезна варијанта во насока на наоѓање алиби кое би го оправдало нивниот дебакл на наредните парламентарни избори“, нагласи Тошковски.

    Тој додаде дека СДСМ, откако го изгубиле аргументот поврзан со техничката Влада, сега се обидуваат политичкиот фокус да го пренасочат кон новиот Закон за внатрешни работи.

    „Претходно беше техничката Влада. Еве, сега остана техничката Влада за наредните избори. Денеска со соопштение се фокусирани на МВР и наводно противуставниот закон кој тие го детектирале, па сега тоа било проблем. Не смееме да дозволиме какво било алиби кое утре би можело да им биде основ да се повикуваат дека законот бил сменет и дека не им биле овозможени услови какви што тие барале“, рече министерот.

    Тошковски истакна дека предложените законски решенија се значително подобри од постојните, но дека во интерес на политичката одговорност и јавната доверба, нивната примена ќе биде одложена.

    „Законските измени се неспоредливо подобри во однос на оние кои ги имавме со старото законско решение, но факт е дека нападот од страна на опозицијата е фокусиран токму тука“, посочи Тошковски.

    Во однос на иницијативата до Уставниот суд за оценување на уставноста на законот, министерот рече дека одложувањето ќе овозможи доволно време за институционална, правна и јавна дебата околу сите спорни прашања, без каков било впечаток дека се врши притисок врз Судот.

    „Законот требаше да стапи во сила од 1 јули, но за да не излезе дека правиме притисок врз Уставниот суд, во овој период од две години ќе има доволно можност и време за дебата дали одредени законски одредби се исправни или не се исправни“, рече Тошковски.

    Министерот порача дека полицијата ќе продолжи да работи професионално, законито и во интерес на граѓаните, а политичките обиди за создавање алиби нема да ја одвратат институцијата од реформскиот процес.

    „Ќе го одложиме законот две години. Ќе стапи во сила откако ќе заврши техничката Влада, согласно истите правила на игра какви што биле и претходно“, заклучи Тошковски.

    Прочитај повеќе

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.