Вчера во 20:10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Браќа Моцаноски“ во село Кривогаштани се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.М. (20) од село Пашино Рувци, и велосипед управуван од Ј.С. (62) од Кривогаштани.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница во Прилеп.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.


