Вчера во 18:52 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено деветмесечно бебе од липковско село кое било затруено со детергент, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од Општа болница Куманово појаснуваат дека родителите го донеле детето поради стравување дека испило детергент, но истото е во добра здравствена состојба и немало внатрешно внесување на опасна материја во организмот.

Инаку ова е шестти случај на затруено дете со некаков вид опасна материја за период од месец дена.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version