Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, по што и во метални браници на патот и се запалило.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е изгаснат, а во возилото е пронајдено телото на починатиот возач. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено во Судска медицина на обдукција и за утврдување на идентитетот на лицето.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид и за време на увидот сообраќајот на магистралниот пат беше пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга.
- МВР: За пет часа казнети 189 пешаци низ Македонија, 159 од нив не поминувале на пешачки
- Полициски претрес во Кратово: Пронајдена марихуана кај 28-годишник
- Гостивар: Се расправале па ја натепал сопругата, за три часа сам се пријавил во полиција
- „Бившата ме следеше, ме нападна и ми се закани“ – вознемирен гостиварчанец се јавил во полиција
- Ноќна контрола во Тетово: Приведен 32-годишник кој седнал зад волан со изречена забрана
- Започна распределбата на 7.500 бесплатни униформи за сите основци во Општина Аеродром
- МВР со детали за големата: Меѓу осомничените е и помошник-директорка во ЈПДП
- ООУ „Браќа Миладиновци“ со нови услови за учениците: Георгиевски изврши увид во реновираните простории


