Тешка сообраќајка на Прилеп - Битола - двајца тешко повредени

 

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа која синоќа нешто по полноќ се случила на регионалниот пат Прилеп - Битола во која учествувале две возила, „фолскваген пасат“ и „бмв“.

-Во 00.18 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп - Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило марка „фолксваген голф“ со привремени регистарски ознаки, управувано од И.Б.(47) од Скопје и патничко возило  „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.С.(34) од Прилеп. Во несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди  констатирани во Градска болница Прилеп. Увидот на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп, велат од МВР.

20.07.2024 - 12:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа