Нов инцидент во Белград: Дете дошло на училиште со пиштол, им се фалел на другарите

 

Основното училиште „Јован Дучиќ“ во Нов Белград добило најмалку една анонимна пријава дека вчера попладне еден од учениците донел пиштол во училиште и им го покажал оружјето на другарите во тоалетот.

Случајот е пријавен во полиција, во Советот на родители и во Обвинителството, пренесуваат српските медиуми.

Ова е нов инцидент со белградско училиште. Во 2023 година во мај ученик со пиштол пукал во ОУ „Владислав Рибникар“, и уби девет деца. Од тогаш зголемено е присуството на полицијата во училиштата, но повторно се случуваат инциденти.

17.10.2024 - 18:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега