Четири лица тешко повредени додека извршувале градежни работи

 

На 16.10.2024 во 15:00 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди биле донесени Р.А.(53) од с.Дебреше, гостиварско и Ш.А.(49), С.А.(22) и С.А.(33), тројцата од Гостивар.

Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при извршување градежни работи на објект  за фирма на улица „ЈНА“ во Гостивар.

Известени биле Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

17.10.2024 - 17:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега