Мицкоски: Смената на директорот на АНБ не е ненадејна, минатиот директор не ми праќаше извештаи

 

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека смената на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) воопшто не е ненадејна. Повеќе од два месеца откако е претседател на Владата, не добил ниту еден извештај за работењето на АНБ.

Новименуванот Бојан Христовски, како што објасни Мицкоски во гостување на ТВ Сител, е  професионалец, кој кога бил вратен на работа во МВР, поднел оставка и се деполитизирал.

Како што објасни Мицкоски во гостување на ТВ Сител, повеќе од два месеца откако е претседател на Владата, не добил ниту еден извештај за работењето на АНБ.

-Смената на дирекророт на АНБ не е ненадејна. Како премиер, повеќе од два месеца не добив ниту еден извештај од работењето на АНБ, а некои други добиваа кои не се во формалниот политички живот и институциите. Ова го зборував јавно и тогаш го добив првиот извештај што беше како сумарен на тоа што е напишано по поратилите. Реков, „ако е ова извештај на АНБ, тогаш имаме сериозен проблем со нациналнитата безбедност“. Тоа што таму го прочитав и не е некоја тајна зашто го читав на порталите пртходниот ден и реков, „ако е ова нивната работа, тогаш итно мораме нешто да менуваме“, рече Мицкоски.

На прашањето за тоа што сега на чело на АНБ е поставен претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, наспроти законскиот услов дека директорот на Агенцијата не треба да биде член на политичка партија, премиерот Мицкоски рече дека тоа не е пречка да не биде избран на позицијата, зашто кога бил вратен на работа во МВР поднел оставка и се деполитизирал.

-Христовски кога се врати во МВР се деполитизира, а дали има симпатија кон некои партии е друго прашање, рече Мицкоски. 

17.10.2024 - 22:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега