Мицкоски: Во Македонија постои само една академија – МАНУ

 

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва уште еднаш потенцира дека во земјава постои само една академија на науките и уметностите – МАНУ.

-Во Македонија постои една академија, тоа е МАНУ. Ако сакаме да правиме тема каде што нема, тогаш можеме тоа да го правиме. Ние како ВМРО-ДПМНЕ такво нешто ниту сакаме да дискутираме, ниту имаме намера, а не па да поддржуваме. За нас постои само МАНУ. Точка. Тука завршува се. Ниту имам намера една буква да трошам на што било друго. Општината одлучува како и каде ќе ги троши парите. Тоа е нејзино право. Дали ќе финансира невладини здружение и со што тие ќе се занимаваат, со спорт или со нешто друго, во случајот како што велите ќе биде наречено академија, тоа е работа на општината. Но, ВМРО-ДПМНЕ во тие општини нема намера тоа да го поддржи, на памет не и паѓа. Ако е тоа тема што треба да отвори поларизација на дел од партиите во Парламентот кои се опозиција за да си го креваат рејтингот, мислам дека е погрешен пристап. Ниту ќе биде функционално. ниту ќе има каква било извесност, истакна Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Сител.

Тој отфрли секаква можност за дестабилизаија по таа основа.

17.10.2024 - 21:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа