Тешка несреќа попладнево во Македонија: Автомобил паднал во провалија, пожарникари со јажиња го извлекувале возачот

 

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила попладнево во струмичко.

-Денеска, (сабота) 12.09.2020 година во 17.57 часот покрај патот Струмица-Цареви Кули во близина на месноста викана Двата пата, ТППЕ Струмица со 1 ПП техничко возило и 5 пожарникари интервенираше на спасување на возач од автомобил кој беше излетен во провалија, објави локалниот портал Струмица денес.

Од порталот информираат дека возачот бил извлекуван со алпинистички јажиња и носилаи бил предаден на екипа на Брзата помош.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега