Најниска температура од минус два степена е измерена на Попова Шапка, додека најтопло со 12 степени беше во Гевгелија, покажуваат мерењата во 16 часот.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), по Попова Шапка следуваат Ѓуриште со 1 степен, Пожаране со 2 и Лазарополе и Крушево со по 3 степени.
Во Крива Паланка се измерени 5 степени, во Берово, Зајчев Рид и Тетово 5 степени, а во Велес, Штип, Скопје-Петровец, Виница, Претор, Охрид, Тополчани, Кавадарци и Прилеп температурите се движеа од 7 до 8 степени.
Девет степени се измерени во Демир Капија, 10 во Струмица и 11 степени во Битола.
Во изминатите девет часа најмногу дожд наврна во Лазарополе, каде се измерени 18 литри на метар квадратен, а потоа следуваат Пожаране со 11, Охрид со 10, Попова Шапка со 9, Крушево со 7 и Крива Паланка со 6 литри на метар квадратен.

