Обиколницата околу Битола е целосно затворена за сообраќај од синоќа во 18:30 часот поради појава на свлечиште. Како што информираат од АМСМ, возилата во моментов се пренасочуваат низ улиците во градот Битола.

Екипите на Ј.П. „Македонија пат“ се веќе на терен и работат на отстранување на земјиштето.

„Екипите на Ј.П Македонија Пат работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот“, соопштија од АМСМ.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по суви коловози со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Exit mobile version