Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Казахстан ги сподели најновите информации за здравствената состојба на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој се наоѓа на интензивна нега. Вучиќ призна дека е многу загрижен и најави дека веднаш по слетувањето во Белград ќе се упати во болница.
„Нема промена во неговата состојба, што е добро, но очекувавме побрзи промени. Се плашиме дека има нешто друго што не можеме да го видиме во овој момент“, изјави Вучиќ, додавајќи дека е во постојан контакт со министерот за здравство. Тој истакна дека ситуацијата е сериозна и дека се надева оти министерот набрзо ќе се разбуди.


