Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри критики до СДС, обвинувајќи ги за молк и страв по пратеничките прашања поврзани со Артан Груби. Според Петрушевски, хистеријата кај опозицијата е резултат на стравот од она што Груби може да го открие за криминалите на претходната власт.
„Стравот од можните искази на Артан Груби го притисна паник тастерот во Бихаќка. Дали стравот кај Вице и Зоран Заев е навистина толку голем, па затоа Филипче, Спасовски и Зечевиќ делуваат толку вознемирено?“, запраша Петрушевски.
Тој посочи дека дури и потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, признала дека за случаите каде се сомничи Груби, одговорност треба да сносат и неговите тогашни колеги од Владата.


