Вчера во 20:00 часот во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријави дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
- Се огласи докторот кој го лекува Дачиќ: Засега е стабилен
- Германија воведува построги правила за оваа група луѓе
- Средба на Сиљановска-Давкова со Грлиќ Радман: Хрватска е подготвена да придонесе кон забрзување на македонскиот евроинтеграциски процес
- Крај на паниката во Тетово: Познато кој ги праќал пораките за лажните дојави за бомби
- Вистинска драма со среќен крај: Бебе преживеа пад од 33 метри висина
- Објавен огласот за нови еко-автобуси: Еве кои се условите и кога ќе пристигнат првите возила
- Ѓорѓиевски на средба со Варнс – разговараа за борбата против корупцијата и нови проекти за Скопје
- Се уште се вози без возачка и со нерегистрирани возила: Полицијата уапси седум возачи


