Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(18) од село Палатица.
Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи. По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби биле лажни.
Денеска, со сдуска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во селото, при што биле одземени повеќе електронски уреди. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Штипјани се пресметале среде Скопје
- Серија сообраќајки со тешки последици: Тешко повредени двајца мотоциклисти и сопатничка во „Шкода“
- Орбан: Во неделата чувствував болка, во понеделникот празнина, сега сум на работна терапија за да ја пополнам таа празнина
- Скопјанец со „мерцедес“ прегази пешак
- Фудбалскиот свет завиен во црно: Почина Александар Манингер, легендарниот голман на Арсенал и Јувентус
- Страшна трагедија го потресе регионот: Три лица загинаа во пожар, меѓу жртвите две деца
- Бројката расте: Почина и десеттата жртва од нападот во турското училиште
- Драма во Карпош: Разбојник со нож и физичка сила ограбил аптека


