Страшна трагедија го потресе Косово попладнево, откако три лица го загубија животот во пожар што избувна во станбена зграда во населбата „Мирдита“ во Малишева. Како што потврди портпаролот на полицијата во Ѓаковица, Шермет Ељезај, жртвите биле пронајдени во објектот по дојавата за пожар околу 12:55 часот.

Станува збор за едно возрасно лице (35) и две деца – девојче и момче на возраст од 9 и 12 години. Иако веднаш биле префрлени во Центарот за семејна медицина, лекарите само констатирале смрт кај трите лица. Пожарот е локализиран, а полицијата врши увид на местото на настанот.

Exit mobile version