Докторот Томас Шакновски (44) е обвинет за убиство од втор степен по трагичниот инцидент во кој животот го загуби 70-годишниот Бил Брајан од Алабама. Канцеларијата на американскиот обвинител соопшти дека Шакновски бил уапсен во Мирамар Бич и веднаш префрлен во притвор.

Според обвинението, за време на планирана лапароскопска операција за отстранување на слезината, докторот направил фатална грешка и го отстранил црниот дроб на пациентот. Оваа постапка довела до катастрофална загуба на крв, а мажот починал директно на оперативната маса.

Вдовицата на жртвата, Беверли Брајан, со неверување зборува за трагедијата: „Кога им кажувам на луѓето што се случило, сè уште звучи премногу ужасно за да биде вистина. Сè уште ми е тешко да поверувам дека навистина се случило“.

Покрај кривичната пријава, на Шакновски веќе му се одземени медицинските лиценци во Алабама, Флорида и Њујорк. Иако тој тврди дека во неговата десетгодишна кариера никогаш не му биле ограничени привилегиите, истрагата открива низа претходни пропусти.

Exit mobile version