Поранешниот австриски репрезентативен голман, Александар Манингер, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Салцбург на 48-годишна возраст. Веста за неговата смрт предизвика бран на тага кај неговите поранешни клубови и фудбалски фанови ширум Европа.
Според полициските информации, несреќата се случила во Нусдорф, на незаштитен железнички премин, каде што Манингер го загубил животот на лице место. Неговиот поранешен клуб Јувентус веќе се прости од него преку емотивна објава на социјалните мрежи, оддавајќи му почит на човекот кој со години го чуваше нивниот гол.


