Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која се врши корекција на цените на нафтените деривати. Од полноќ, возачите кои користат дизел ќе плаќаат поскапо гориво, додека цените на бензините мируваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари по литар и ќе изнесува 71,00 ден/лит. Исто толкаво зголемување има и кај Екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по цена од 70,00 ден/лит.

Од друга страна, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети.

Exit mobile version