Бурни реакции во јавноста предизвика информацијата дека ученик од четврто одделение носел нож во ООУ „Киро Глигоров“ во Центар. Според сведочења на родители, детето го извадило ножот од ранецот во училница, меѓу соучениците, а претходно повеќепати покажувало агресивно однесување. Минатата година, како што тврдат родители, нападнало соученик со посебни потреби, а во други ситуации употребило ножици.

Родителите изразуваат загриженост за безбедноста во училиштето и бараат итни мерки за спречување на вакви инциденти. Дел од јавноста предупредува дека институциите мора сериозно да се справат со малолетничката деликвенција, посочувајќи дека не смее да се дозволи ескалација на насилство во училиштата.

Exit mobile version