Краткотрајно невреме проследено со силни поројни дождови, силен ветер, грмежи и појава на град ќе ја зафати Македонија во деновите што следат.

Метеоролозите најавуваат остар пресврт на атмосферата, со што земјава влегува во долготраен период на изразена нестабилност.

Главниот удар на влажниот бран се очекува на почетокот на неделата, кога на повеќе места низ државата ќе наврнат пообилни количини воден талог.

Според прогнозите, во одредени региони количината на паднат дожд ќе достигне и над 15 литри на секој квадратен метар.

Покрај поројните врнежи, граѓаните треба да бидат подготвени и за засилен ветер кој ќе дува претежно од северен правец и ќе донесе благ пад на температурите.

Exit mobile version