Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Светски дипломати и експерти во Скопје на форум за мир и меѓународна соработка

    Светски дипломати и експерти во Скопје на форум за мир и меѓународна соработка

    23.06.2026 во 08:112 Mins Read
    Кабинет на поранешниот претседател Иванов
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје денес и утре ќе биде домаќин на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, на која ќе се дебатира за современите глобални предизвици и можностите за зајакнување на меѓународната соработка, мирот и дијалогот. На настанот ќе присуствуваат поранешни државници, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, стопанственици и млади учесници од повеќе европски и азиски земји.

    Конференцијата е организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов (ISLAA). Во текот на двата дена ќе се реализираат повеќе тематски панели посветени на меѓународната безбедност, владеењето на правото, економскиот подем на Кина, регионалната поврзаност и односите меѓу Кина и државите од Централна и Источна Европа.

    Конференцијата свечено ќе ја отворат поранешниот претседател Ѓорге Иванов, вицепремиерот задолжен за политички систем Љупчо Димовски, амбасадорот на Народна Република Кина Џијанг Сјаојан, како и претставник на Кинеската асоцијација за меѓународно разбирање (CAFIU).

    Првиот панел ќе биде посветен на предизвиците поврзани со мирот, безбедноста и владеењето на правото. Покрај Иванов, во дискусијата ќе учествуваат и поранешниот турски министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, поранешниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации и поранешен шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ, поранешниот министер за надворешни и европски работи на Хрватска Миро Ковач, како и Ерик Ли, претседател на Центарот за Кина и глобализација и познат аналитичар за меѓународни односи. Дел од панелот ќе биде и Иван Иванов, претседател на Извршниот одбор на Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите.

    Во рамки на конференцијата ќе се одржат и дискусии за економскиот развој, регионалната соработка, цивилизацискиот дијалог и културната размена. Посебен акцент ќе биде ставен на дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, креативноста и развојот на човечкиот потенцијал, како и на улогата на младите во време на брзи глобални промени и неизвесност.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.