Студот не попушта: Од утре постудено и врнежи од снег
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2024/11/11/stud.jpg?itok=ufBhI-Xd)
Времето утре променливо облачно и студено, попладне и во текот на ноќта во јужните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. По котлините ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопшти УХМР.
Во Скопје променливо облачно и магливо со слаб ветер од северен правец.
Следните денови ќе се задржи променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на планините и на некои повисоки места од снег. По котлините ќе има услови за појава на магла.
11.11.2024 - 13:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа