Шестмина загинати во пукање на автобуска станица во Ерусалим – убиени се и двајца напаѓачи
Шест лица загинаа во пукање на автобуска станица во предградие на Ерусалим. Тамошната полиција соопшти дека се убиени и двајца напаѓачи, опишувајќи ги како „терористи“, пренесува Ројтерс.
Службите за итни случаи соопштија дека околу 20 лица се повредени, а најмалку пет се во тешка состојба.
Израелските власти информираа дека напаѓачите биле Палестинци.
Според полицијата, застрелани и убиени се двајца напаѓачи, како и дека подоцна е уапсено и трето лице во врска со пукањето.
Информациите на полицијата велат и дека еден од напаѓачите се качил во автобусот со број 62 и почнал да пука кон патниците.
На снимките споделени на социјалните мрежи се гледа како во моментот кога се слуша пукањето, луѓе како бегаат од автобуската станица.
Кабинетот на израелскиот премиер соопшти дека Бенјамин Нетанјаху одржал состанок „со безбедносните претставници“.
Палестинското движење Хамас го поздрави нападот, тврдејќи дека напаѓачите биле Палестинци.
„Потврдуваме дека оваа операција е природен одговор на злосторствата на окупацијата и геноцидот што се врши врз нашиот народ“, се вели во соопштението на Хамас.
Денешниот вооружен напад во Источен Ерусалим се смета најсмртоносниот во Израел од октомври 2024 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа