Close Menu
Press24
    Најново

    Знаци дека некоја личност манипулира со вас: Обрнете внимание на 7 психолошки трикови

    04.05.2026 во 23:49

    Дел од Топанско Поле утре ќе остане без вода

    04.05.2026 во 23:36

    Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд

    04.05.2026 во 23:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Знаци дека некоја личност манипулира со вас: Обрнете внимание на 7 психолошки трикови
    • Дел од Топанско Поле утре ќе остане без вода
    • Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд
    • Луѓето родени во мај се посебни, ги красат овие карактеристики
    • Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
    • Цената на нафтата „Брент“ надмина 115 долари по нападите врз Обединетите Арапски Емирати
    • Тинејџери шамареле деца на игралиште: Ново сведоштво за насилство во Скопје
    • Путин прогласи еднострано примирје на 8 и 9 мај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ССМ пред одлука: Кои чекори следуваат за минималната плата?

    ССМ пред одлука: Кои чекори следуваат за минималната плата?

    28.03.2025 во 13:203 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сојузот на синдикати на Македонија денеска треба да се изјасни за следните чекори што ќе ги преземе во однос на минималната плата откако во вторникот Владата ја усвои информацијата дека минималната плата ќе се зголеми за 1.800 денари во нето износ согласно законски утврдените критериуми. Се очекува седница да одржи Претседателството на синдикатот на која ќе се разговара за натамошните чекори.

    Според ССМ, одлуката на Владата не е законска затоа што согласно член 4 став 5 од Законот за минимална плата, министерот за труд и социјална политика, по претходно мислење од Економско-социјалниот совет, ја објавува висината на минималната плата во бруто износ. Како што посочуваат од синдикатот, ова не е испочитувано, односно не е одржана седница на ЕСС.

    Економско-социјалниот совет се очекуваше да одржи седница во текот на овој месец, но претходно треба да заседава Комисијата за репрезентативност која треба да ја утврди репрезентативноста на ССМ која пак е истечена минатата година. Досега ваква седница на Комисијата за репрезентативност не се одржа, а се очекува тоа да се случи денеска. Во Комисијата учествуваат претставници од трите социјални партнери. 

    Од синдикатот нагласуваат дека од 2012 година првпат се случува да се носи одлука за минималната плата без консултација на сите социјални партнери во трипартитниот совет. 

    – Првпат Владата сама си донесе одлука откога е воведена минималната плата во 2012 година и за неа одлучи без работниците. Имавме парола пред неколку години на 1 Мај дека не смее да се одлучува без работнциите, а, Владата, за жал, на седница си донесе износ на минималната плата од 1 800 денари, без да се разговара на Економско-социјалниот совет, без да одлучат и работниците и работодавачите и Владата. Апсолутно сме незадоволни од ваквата одлука на Владата. Ги знаете нашите барања и од нив не отстапуваме, изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски во средата.

    Од Владата велат дека одлуката е легитимна и согласно закон, а износот е утврден согласно критериумите во Законот за минимална плата. 

    – Како Влада имаме обврска да го почитуваме Законот за минимална плата, кој треба да почне да се спроведува наредниот месец. Има доволно време за институциите да го пресметаат покачувањето на минималната плата, кое законски изнесува 2200 денари, истакна заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески на прес-конференција во средата.

    Како што посочи, висината на минималната плата е одредена согласно податоците од Државниот завод за статистика, за што како основа се зема 50-проценти од просечната плата исплатена минатата година и 50-проценти од индексот на трошоци односно инфлацијата за претходната година.

    Прочитај повеќе

    Дел од Топанско Поле утре ќе остане без вода

    04.05.2026 во 23:36

    Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд

    04.05.2026 во 23:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.