Средба Османи – Дуџиак: Во 2023 година Владата на Северна Македонија ќе продолжи со зацртаниот пат на реформи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи имаше средба со Постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџиак.

Соговорниците разговараа за Рамката за соработка 2021-2025 година, како и ангажманот и иницијативите на ОН во областа на економијата, социјалната инклузија, родовата еднаквост, зајакнувањето на институциите, животната средина, климатските промени и континуираната поддршка од ОН за севкупниот развој на нашата земја, особено во клучните процеси, како што е процесот на пристапување во ЕУ.

Министерот Османи истакна дека наша цел е да се постигне просперитетна, инклузивна и отпорна Северна Македонија и целосна имплементација на Целите на одржлив развој на агендата на ОН до 2030 година.

„Во 2023 година Владата на Северна Македонија ќе продолжи со зацртаниот пат на реформи, фокусирајќи се на надминување на влијанието од повеќекратните кризи. Затоа, важно е да се нагласи значењето на годишниот Заеднички работен план, со јасни и конкретни резултати, како главна алатка што ја прави оперативна Рамката за соработка на ОН за одржлив развој”, рече Османи.

29.12.2022 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега