Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

    Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

    01.10.2026 во 23:021 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претставници на Националниот молитвен појадок, којшто е посветен на разбирањето, простувањето, помирувањето и заедништвото преку заедничка молитва. За првпат, во 1953 година, претседателот Ајзенхауер учествува на молитвениот појадок во Вашингтон.

    Сиљановска-Давкова укажа на посебната улога на овој настан во будењето и заштитата на човечкото достоинство, одговорноста и почитта кон другиот во ера на поделби, недоверба и конфликти, газење на правото, етиката и моралот.

    За неа, опстојувањето и интересот за Националниот молитвен појадок потврдуваат дека и покрај политичките и верските разлики, дијалогот може да ги зближи луѓето.

    Таа потсети на личноста на поранешниот претседател Борис Трајковски и неговата подготвеност за помирување.

    Претставниците на Националниот молитвен појадок и претседателката разменија ставови за регионалните состојби низ призма на евроинтеграциите, но и за македонско-американските односи низ историјата и во рамките на стратешкото партнерство.

    Сиљановска-Давкова укажа на неодржливоста на толерирањето на органите на ЕУ на кршењето на основните принципите и вредности, загарантирани во меѓународното и европското право од нејзини членки, на примерот на македонските евроинтеграции.

    Според учесниците во дијалогот, очигледна е американско-македонската решеност за унапредување на меѓусебните односи.

    За сите, дијалогот мора да има предност пред конфронтацијата, толеранцијата пред нетрпеливоста, а мирот пред војната.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    06.10.2026 во 16:16

    Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец

    06.10.2026 во 16:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.