Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ за изборот на Савески: Дали новиот обвинител ќе биде професионалец или „човек на Мицкоски“

    11.03.2026 во 10:09

    ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се извини, СДСМ само сее страв и паника

    11.03.2026 во 10:07

    Летаа казни за возачи на товарни возила – МВР со детали за акциската контрола

    11.03.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ за изборот на Савески: Дали новиот обвинител ќе биде професионалец или „човек на Мицкоски“
    • ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се извини, СДСМ само сее страв и паника
    • Летаа казни за возачи на товарни возила – МВР со детали за акциската контрола
    • Во петок е неработен ден – ќе одмориме три дена
    • Пекол на Блискиот Исток: Иран со масовен удар врз Израел и Заливот – нападната и американската флота
    • СДСМ: Мицкоски со горивата намерно профитира на грбот на народот
    • Се качил во автобус, се полил со бензин и се самозапалил – Неколку мртви и повредени во страшна трагедија
    • Трипуновски: Исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците од почетокот на 2026
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собраниска комисија ќе одлучува за барања за плата по завршување на функцијата

    Собраниска комисија ќе одлучува за барања за плата по завршување на функцијата

    11.03.2026 во 08:11Updated:11.03.2026 во 08:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во Собрание на Северна Македонија денеска се закажани седници на пет собраниски комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија.

    Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе се најдат неколку предлог-закони, меѓу кои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки. Сите овие законски решенија се предложени да се разгледуваат по скратена постапка.

    Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пак, ќе расправа за формирање Комисија за селекција на кандидати за член на Државна комисија за спречување на корупцијата. На дневен ред е и разгледување на барања за остварување право на плата по престанок на функцијата од поранешен претседател и член на Регулаторна комисија за домување.

    На седницата на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе се разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, исто така по скратена постапка.

    Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, кој исто така е предложен по скратена постапка.

    Во меѓувреме, Законодавно-правната комисија ќе ги разгледува повеќето од овие предлог-закони, меѓу кои измените на законите за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, за безбедноста на сообраќајот на патиштата, за развој, производство и промет на воени стоки, за возила и за шумите, при што сите се доставени на разгледување по скратена постапка.

    Популарно

    Му покажале „стоп” а тој забрзал – Полицијата уапси скопјанец, имале што да видат во возилото

    11.03.2026 во 09:16

    Уживајте во убавото време – Викендов следи лош пресврт

    10.03.2026 во 08:04

    Дизел кај нас 14,5 ден/литар – На светските пазари цената на нафтата драстично паѓа

    10.03.2026 во 09:51

    Скандал во Пентагон: Ројтерс открива дека бројот на ранети Американци е трипати поголем од официјалниот

    10.03.2026 во 21:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.