Close Menu
Press24
    Најново

    Мелони: ЕУ треба да има еден претставник за преговори со Русија

    11.06.2026 во 17:51

    Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење

    11.06.2026 во 17:39

    Во Владата состанок за реформската агенда

    11.06.2026 во 17:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мелони: ЕУ треба да има еден претставник за преговори со Русија
    • Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење
    • Во Владата состанок за реформската агенда
    • Сериозен пожарот во Штип: Едно лице е повредено – ер трактор гасне од воздух
    • Драматично во Штип: Беснее нов голем пожар, има повредено лице
    • Започна локално невреме во источна Македонија: Дожд и грмежи јужно од Берово
    • Судење за пожарот во „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека нема вина
    • Дурмиши ги повика компаниите да аплицираат за државна поддршка: Рокот е до 15 јуни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

    Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

    16.12.2025 во 12:201 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Расправата за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски нема да се одржи, бидејќи тој самиот се повлече од функцијата. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го извести законодавниот дом дека Коцевски поднел барање за престанок на функцијата, со што точката беше симната од дневниот ред.

    Владата претходно достави предлог за негово разрешување, обвинувајќи го Коцевски за сериозни пропусти: оддавање службени тајни, лошо менаџирање со Обвинителството и непостапување согласно Уставот.

    Коцевски поднесе неотповиклива оставка, само неколку часа пред Собранието да расправа за неговото разрешување. Тој во изјава за медиумите оцени дека предлогот за негова смена е чисто политичка одлука и се пожали на процедурата.

    „Заминувам со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава“, изјави Коцевски. Тој откри дека поканата за седницата ја добил дури утринава во 10 часот, само еден час пред почетокот, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување.

    Седницата започна со проблеми и одложување до 12:30 часот. Пратеничката Рина Ајдари од Алијанса за Албанците побара превод на материјалите, а Борислав Крмов од Левица реагираше на задоцнетото доставување на законите. Гаши одговори дека преводите се достапни во системот е-парламент.

    Прочитај повеќе

    Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење

    11.06.2026 во 17:39

    Во Владата состанок за реформската агенда

    11.06.2026 во 17:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.