Со запалка палел сува трева и предизвикал пожар на отворено - полицијата уапси велешанец

 

На 21.08.2025 во 20:20 часот во село Горно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Л.(46) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во селото со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Е.Л. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

22.08.2025 - 11:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега