Османи: Чаир е бетонска џунгла
Бујар Османи, кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, ја најави иницијативата „Градежна стража“ со која, како што рече, ќе се стави крај на урбаниот хаос и нелегалното градење во општината.
Тој истакна дека Чаир со години се претвора во бетонска џунгла поради градби без дозволи и без план, дозволени од општинските власти, но дека со новите мерки тоа нема да продолжи. Иницијативата предвидува јавна интерактивна мапа со градби, можност за анонимни пријави, поставување QR-кодови на градилиштата, директна „црвена линија“ за пријавување корупција и ревизија на сите досега издадени дозволи.
„Во Чаир одамна е изгубено чувството за ред и поредок во градењето. Се гради без дозвола и без план, и тоа директно поддржано од општинските власти. Граѓаните гледаат како нивната општина се претвора во бетонска џунгла. Овој урбан хаос нема да продолжи“, порача Османи.
Иако мерките се претставуваат како новитет, дел од јавноста потсетува дека ДУИ е на власт во Чаир повеќе од една деценија и дека одговорноста за досегашниот хаос е токму кај таа партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа