„Вашата ќерка прегази дете“: Старица измамена преку телефон

 

Вчера во 12:40 часот во СВР Тетово, 83-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра.

Според пријавеното лицето и се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка предзвикала сообраќајна несреќа  во Скопје во која починал малолетник и доколку не сака таа да оди во затвор треба да донесе пари во Скопје.

Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзиниот зет сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

21.08.2025 - 17:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега