Локализиран пожарот во Карпош
Пожарот во поранешните простории на Макотекс во Карпош 4 е локализиран, информираше Центарот за управување со кризи.
-Во моментот се догасува секаде кадешто има чад. Дел од екипите на БППЗ се сѐ уште на терен, изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Пожарот го гаснеше скопската бригада. На терен учествуваа неколку екипи со пет противпожарни возила. Вода исфрли и авион на Дирекцијата за заштита и спасување кој бил на задача во Маврово-Ростуше.
21.08.2025 - 14:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа