Амар Мециновиќ е кандидат за градоначалник на Град Скопје од Левица

 

Во денешната прес – конференција претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев пред Музеј на Град Скопје и го соопшти на јавноста кандидатот за градоначалник за Град Скопје од партијата Левица.

Кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица е Амар Мециновиќ досегашниот пратеник и потпарол на партијата.

Амар Мециновиќ е политиколог и активист за социјална правда. Член на Президум на Левица како највисоко раководно тело и портпарол, одговорен за комуникација со јавноста преку медиумите. Од почетокот на 2022 година – избран претставник на народот како член на Советот на Град Скопје. Во рамки на еден турбулентен мандат за градот, заедно со советничката група, нашите заложби беа и се базирани на: социјална платформа, заштита на работничките права, јакнење и проширување на јавните капацитети, кои ни се отуѓени, и еколошки свесна политика.

22.08.2025 - 11:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега