Со автомобил удрил во пешак, тешко повреден кривопаланчанец


Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка–Граничен премин Деве Баир, кај с.Конопница, патничко возило „пасат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од О.М.(57) удрило во пешакот Д.С.(63), двајцата од Крива Паланка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом - Крива Паланка.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. 

01.05.2024 - 12:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега