Утре наутро времето ќе биде ведро и студено, додека во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје исто така ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Од УХМР најавуваат период на стабилно време со сончеви и релативно топли денови, додека ноќите ќе бидат ведри и тивки. Утрата ќе останат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.
Според прогнозата за наредните денови прикажана во табелата, минималните температури во периодот од сабота (03.10) до вторник (06.10) ќе се движат од -2°C, додека максималните дневни температури постепено ќе растечки ќе достигнуваат до 28°C. Промена на времето со услови за појава на облачност и врнежи е најавена за среда (07.10).


