Полицијата во Гостиварско и Тетовско во текот на 30 септември привела повеќе лица при сообраќајни контроли поради управување возила без возачка дозвола или без положен возачки испит, при што во еден од случаите кај сопатник била пронајдена и марихуана.
На патот кон струшкото, односно гостиварското село Калиште, во 21:00 часот бил уапсен 21-годишниот Д.А. од Неготино кој управувал „БМВ“ без дозвола, а возилото било одземено. Во исто време во Желино бил приведен 31-годишниот А.Б. кој возел „голф“ без возачка дозвола. На регионалниот пат Тетово–Скопје приведен е 31-годишниот С.Р. од Сарај поради управување без положен испит, за што ќе добие поднесок по член 297-а од Кривичниот законик.
На улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар во 21:10 часот е приведен 24-годишниот Д.М. кој возел „форд“ без дозвола, додека кај неговиот сопатник Е.А. (21) била пронајдена марихуана. Исто така, на патот кон селото Здуње бил приведен 48-годишниот Џ.М. кој управувал товарно „рено“ без возачка дозвола. Од МВР информираат дека по документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.


