Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Тетовец санкциониран откако возел мотоцикл без возачка дозвола
    • Мицкоски: Правиме напори да поевтини струјата за граѓаните
    • Мицкоски: Ние ги затвораме, тие ги ослободуваат
    • Опожарен деловен објект на регионалниот пат Боговиње–Тетово
    • Завршил во болница и останал без мотоцикл – Гостиварчанец паднал од мотоцикл кој го возел без дозвола
    • Тепачка поради паркинг место во Пирок: Нападнат 24-годишник во автоперална
    • Нов напад во Ормускиот Теснец: Ракетирани два брода кај брегот на Оман
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопје доби Дневен центар за лица со попреченост над 14 години: Поддршка за корисниците и семејствата

    Скопје доби Дневен центар за лица со попреченост над 14 години: Поддршка за корисниците и семејствата

    14.08.2026 во 13:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска беше отворен Центар за дневен престој за лица со попреченост над 14 години. На отворањето присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

    Новиот центар е наменет за обезбедување стручна и социјална поддршка на корисниците, како и олеснување на секојдневието на нивните семејства и старатели.

    По повод отворањето, Ѓорѓиевски истакна дека обврската на општеството е да создаде реална еднаквост за сите граѓани.

    „Денес, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, во просториите на МКЦ го отворивме Центарот за дневен престој за лица со попреченост од 14 години и нагоре. Ова е место во кое ќе има сигурност, грижа, разбирање и човечка топлина. Место во кое секој човек ќе биде прифатен таков каков што е, со своите способности, желби, потреби и потенцијали. Нашата обврска како општество не е само да зборуваме за еднаквост, туку да ја создадеме во реалниот живот. Во овој Центар, корисниците ќе добиваат психолошка и стручна поддршка, ќе учествуваат во едукативни, креативни и рекреативни активности, ќе развиваат практични и животни вештини, ќе се дружат, ќе комуницираат и чекор по чекор ќе ја градат својата самостојност и самодоверба. Но, овој Центар е важен и за нивните семејства. За родителите и старателите кои секој ден носат огромна љубов, грижа и одговорност, сакаме да бидеме вистинска поддршка. Да знаат дека нивните најмили се во сигурни раце, во средина во која се почитувани, заштитени и поттикнати да напредуваат. Никој не смее да се чувствува заборавен, оставен на страна или помалку вреден. Скопје мора да биде град кој ги штити своите луѓе. Град кој подава рака. Град во кој различностите не нè делат, туку нè прават похумани и посилни. Нашиот фокус нема да биде на ограничувањата, туку на можностите. На талентот и на способностите. На човекот! Овој Центар ќе биде многу повеќе од место за дневен престој. Ќе биде место за дружење, учење, развој, поддршка, пријателства и нови победи. Место каде секој човек ќе знае дека припаѓа. Затоа што Скопје е дом за сите. И наша должност е тој дом да биде сигурен, достоинствен и исполнет со грижа за секој негов човек“, порача Ѓорѓиевски.

    Програмата во центарот ќе опфати психолошка поддршка, едукативни, креативни и рекреативни активности со цел зајакнување на самостојноста на корисниците.

    Прочитај повеќе

    Денеска ќе нема струја до 13 часот – ЕВН најави исклучувања

    11.09.2026 во 10:30

    Стефковски: Доделивме спортска опрема вредна 3 милиони денари на фудбалските клубови

    10.09.2026 во 21:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.