Скопјанец изнајмил автомобил, направил фалсификат документи и го продал

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Х.З.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот, во декември 2023 година, од авто плац во Куманово изнајмил патничко возило, по што го фалсификувал нотарскиот печат на фалсификат купопродажен договор, го одјавил возилото, му ставил нови регистарски ознаки, а потоа го продал на друго лице.

18.07.2024 - 17:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа