Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд
    • Полицијата на нозе: Исчезна 14-годишно девојче од Тетово
    • Ѓорѓиевски: Скопје го менува ликот
    • Серафимовски: Просечната откупна цена на тутунот се очекува да надмине 420 денари за килограм
    • „Ја пронајдов мајка ми убиена“ – МВР со детали за убиството во Скопје
    • Убиство во Скопје
    • Манасиевски: Филипче, ти си следен
    • Кузеска: Падот на Вучиќ во Србија ќе доведе до разврска на криминалните соработки и во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска: Мора да почнеме да се менуваме себеси ако сакаме да го промениме општеството

    Сиљановска: Мора да почнеме да се менуваме себеси ако сакаме да го промениме општеството

    19.01.2026 во 09:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици,  во која порачува сплотени да се обидеме да придонесеме за среќна и пристојна сегашност и благословена и просперитетна иднина. 

    Во честитката до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници претседателката посакува празникот да донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот. 

    – Верувам дека осветувањето на македонските води ќе ни помогне да ги надраснеме малодушноста и летаргијата, и ќе нè инспирира на добродетелство и на грижа за блиските и за заедницата. Само со благост, внимание, солидарност и емпатија можеме да го разбудиме божественото во себе, покажувајќи ја вистинската човекова природа. Свесни дека човештвото е соочено со длабока криза и со тешки искушенија, мора да почнеме да се менуваме себеси, ако сакаме да го промениме општеството. Само морални и мудри индивидуи создаваат силни заедници чии напредок и благосостојба никогаш не се на сметка на туѓата болка и страдање, наведува во честитката Сиљановска Давкова.

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд

    27.10.2026 во 12:37

    Полицијата на нозе: Исчезна 14-годишно девојче од Тетово

    27.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.