Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова од Куманово: Командата за операции е една од клучните алки во одбранбениот систем
    • „Мојот малолетен син е претепан“ – загрижен татко од Скопје се јавил во полиција
    • Коњановски на јубилејот на Техничкиот факултет: Битола е горда со науката која го гради нашето општество
    • Гаши од Рим: Парламентарната дипломатија и меѓународното право се клучни за мирот и стабилноста
    • Студено попладне во Македонија – измерени само 1 степен во 14 часот
    • Хоџа изврши увид во Сарај: Се регулираат 12 километри од коритото на Сува Река
    • Јаневска на конгресот на СОНК: СОНК е еден од најважните економско-социјални партнери на Владата
    • Клековски: Лековите за мултиплекс склероза ќе се подигаат и во Штип, Охрид и ГОБ „8-ми Септември“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова од Куманово: Командата за операции е една од клучните алки во одбранбениот систем

    Сиљановска-Давкова од Куманово: Командата за операции е една од клучните алки во одбранбениот систем

    16.10.2026 во 15:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово.

    Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната на државата, нагласувајќи дека оперативната подготвеност се темели врз знаење, дисциплина и способност за навремено дејствување.

    Осврнувајќи се на историските корени, претседателката потсети на Кресненското востание од 1878 година и додаде дека обврската за заштита на татковината останува непроменета. Според неа, современите предизвици како хибридното војување, сајбер-заканите и вештачката интелигенција бараат постојана модернизација.

    „Членството во НАТО е наша стратешка определба, но и заложба за почитување на принципите на колективната одбрана и солидарност. Со извршувањето на преземените обврски и усогласувањето со стандардите на Алијансата, македонската Армија покажа дека и мала држава може да биде кредибилен и доверлив сојузник“, истакна Сиљановска-Давкова.

    Во своето обраќање, таа посебно го нагласи придонесот на војниците во мировните мисии, како и нивната хумана улога при справувањето со природни непогоди и пожари.

    „Не случајно, по повод Денот на Армијата, на 18 август, ја одликував Командата за операции со ’Орден за воени заслуги‘. Високото државно признание го валоризираше вашиот несомнен успех во изградбата и унапредувањето на армиските капацитети“, рече претседателката.

    Упатувајќи признание за професионалноста на сите припадници, таа порача: „Со Вас се чувствуваме безбедни и сигурни. Нека ви е честит 17 Октомври – Денот на Командата за операции!“.

    Прочитај повеќе

    Гаши од Рим: Парламентарната дипломатија и меѓународното право се клучни за мирот и стабилноста

    16.10.2026 во 14:54

    Јаневска на конгресот на СОНК: СОНК е еден од најважните економско-социјални партнери на Владата

    16.10.2026 во 14:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.