Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска на конгресот на СОНК: СОНК е еден од најважните економско-социјални партнери на Владата
    • Клековски: Лековите за мултиплекс склероза ќе се подигаат и во Штип, Охрид и ГОБ „8-ми Септември“
    • Приведени двајца скопјани: Полицијата им пронајде марихуана
    • Нападнати полицајци за време на должност во Гостивар: 47-годишен маж кривично ќе се гони
    • МВР поднесе пријава: Жителка на село Врањовце физички нападнала дете
    • Нова драма во членка на НАТО: Предупредувањето пристигнало рано утрово, армијата реагирала веднаш
    • Мицкоски најавува енергетски пресврт: Со двата нови гасоводни интерконектори драматично се зголемува геостратешкото значење на Македонија
    • Хорор во двор од основно училиште во Скопје: Додека малолетници тепале врсник, друг снимал и објавувал на социјални мрежи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Лековите за мултиплекс склероза ќе се подигаат и во Штип, Охрид и ГОБ „8-ми Септември“

    Клековски: Лековите за мултиплекс склероза ќе се подигаат и во Штип, Охрид и ГОБ „8-ми Септември“

    16.10.2026 во 14:17Updated:16.10.2026 во 14:353 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Министерството за здравство денес се објавија протоколите за дисперзирана терапија за мултиплекс склероза, заедно со директорите на Универзитетската клиника за неврологија, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид, ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје и Клиничката болница Штип.

    „На Клиниката за неврологија се водат околу две илјади пациенти со мултиплекс склероза, од кои околу 1.800 активно се лекуваат, а бројот на новодијагностицирани расте – само во 2025 година тие се 115. Во моментот, 835 пациенти од 48 општини се на имуномодулаторните лекови опфатени со дисперзијата и сите тие терапијата ја подигаат или ја примаат на Клиниката во Скопје. Од нив, 491 живеат надвор од скопскиот регион и многумина патуваат секој месец, често со придружник, што значи трошок, отсуство од работа и дополнителен напор за луѓе со хронична болест. Децентрализацијата овозможува да се опслужат повеќе пациенти без Клиниката да стане тесно грло“, посочи министерот Клековски и додаде дека буџетот за лекови за мултиплекс склероза годинава изнесува рекордни 451 милион денари.

    -Ова е модел. Тоа е олеснување за пациентите, кои терапијата ќе ја добиваат поблиску до својот дом, но и унапредување за здравствените работници во регионалните болници, чиј делокруг на работа се збогатува. Секако, ова е модел и за други области, како онкологијата, изјави министерот Клековски.

    Директорот на Универзитетската клиника за неврологија, Јован Божиновски, истакна дека иницијативата е одговор на долгогодишните барања на Здружението за борба против мултиплекс склероза.

    „Правилникот ги утврдува лековите, надлежностите, условите за центрите и постапката, а со протоколот секоја болница одделно ги презема обврските што ја засегаат. Болниците се обврзуваат да одредат одговорен невролог, фармацевт и обучени медицински сестри, да ги чуваат и издаваат лековите по пропишан режим, да ја евидентираат секоја доза и да ги пријавуваат несаканите реакции во рок од 24 часа. Клиниката ја задржува стручната, финансиската и организациската одговорност: таа ги набавува лековите, преку Комисијата за имуномодулаторна терапија одлучува за секој пациент, ја фактурира терапијата кон Фондот за здравствено осигурување и врши надзор во центрите најмалку еднаш годишно“, појасни директорот Божиновски.

    Децентрализацијата опфаќа десет лекови, поделени во две групи. Во првата се лековите што пациентот сам си ги применува – интерфероните, глатирамер ацетат и оралните лекови (диметил фумарат, терифлуномид, кладрибин) – и тие се подигаат месечно од болничката аптека на центарот. Во втората се биолошките лекови окрелизумаб, натализумаб и офатумумаб, сите во субкутана форма, кои ги аплицира медицинско лице во центарот. Терапијата се воведува на Клиниката, каде пациентот ја прима првата доза, поминува обука и потпишува согласност, а сите наредни дози ги прима во регионалниот центар. Контролите се на секои шест или 12 месеци, со дигитален конзилиум.

    Во првата фаза КБ Штип ќе ги покрива источниот, југоисточниот и вардарскиот дел (околу 128 пациенти), СБ „Св. Еразмо“ – југозападниот дел и Битола (околу 146), а ГОБ „8-ми Септември“ ги презема пациентите од Скопје (344). Вкупно 618 пациенти (74 %) ќе можат терапијата да ја добиваат во регионален центар, а заедно со пациентите од граничните општини, кои сами ќе го изберат центарот, до 692 (83 %). Преминот е доброволен – пациентот преминува дури откако ќе потпише писмена согласност, а оној што не сака да премине останува на Клиниката без никакви последици врз правото на терапија.

    Прочитај повеќе

    Јаневска на конгресот на СОНК: СОНК е еден од најважните економско-социјални партнери на Владата

    16.10.2026 во 14:32

    Приведени двајца скопјани: Полицијата им пронајде марихуана

    16.10.2026 во 13:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.