Сиљановска-Давкова – Матарела: Не смее да бидеме жртва на идентитетски прашања
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со својот италијански колега Серџио Матарела при посетата на Рим. На средбата, како што соопшти кабинетот на Давкова, било истакнато дека Италија е наш важен политички и економски партнер.
Соговорниците разговарале за македонскиот евроинтегративен пат, при што бело констатиране дека Италија, како дел од неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, ја препознава важноста на проширувањето на ЕУ.
Претседателката уверува дека Матарела веќе разговарал со претседателите на Европскиот Совет Антонио Кошта и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неа, во разговорот тој рекол дека: „Не смее Европската унија да дозволи ние да бидеме жртва на идентитетски прашања, или на билатерализација врзана за идентитетските прашања“.
„Очекува тој, и јас очекувам да дојде до разговори со нашите соседи да видиме кое е можеби најдоброто решение“, рече претседателката и додаде дека ги реафирмирала заложбите за гаранции.
Таа истакна дека ако ова биде уште една од промените на којашто укажува Европската унија, не само што ние нема ништо да добиеме, туку нема да добие ништо ниту Балканот, бидејќи приказната за ветото и приказната за билатерализацијата на евроинтеграцијата ќе се повтори.
Македонската претседателка утрово имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Лав XIV со кого во подолг разговор е потврдено пријателството помеѓу државава и Ватикан.
Осврнувајќи се на посетата на Италија, Сиљановска-Давкова изјави дека и Папата и претседателот на Италија, биле и остануваат наши пријатели и дека навистина нема да ги заборават ниту принципите на ЕУ.
Претседателката, на средбите потсетила – ЕУ без принципи и вредности не може да биде филозофија, не може да биде престижна и инспиративна заедница, но исто така ја нагласила и потребата „да седнеме културно со соседите во случајов со Бугарија и да го решиме проблемот“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа