Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова: Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не причина за одложување

    23.11.2026 во 19:46

    Јаревски: Македонија е лидер во искористувањето на европската поддршка

    23.11.2026 во 19:35

    Стан поевтин за 20 проценти за брачни парови до 35 години: Новиот предлог наскоро пред пратениците

    23.11.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова: Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не причина за одложување
    • Јаревски: Македонија е лидер во искористувањето на европската поддршка
    • Стан поевтин за 20 проценти за брачни парови до 35 години: Новиот предлог наскоро пред пратениците
    • Три хороскопски знаци ги очекува тешка недела: Проблемите ќе се редат, но од четврток доаѓа пресврт
    • Претепан градоначалникот на Чачак – итно пренесен во болница
    • „Син ми е нападнат во парк“: 36-годишна мајка од Скопје се јавила во полиција
    • Албанија се огласи по обвинувањата за вмешаност во нападот врз руски бродови
    • Украина нападна руски бродови кај Либија, 10 повредени: Триполи реагира – „Нашата територија не е место за пресметка“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не причина за одложување

    Сиљановска-Давкова: Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не причина за одложување

    23.11.2026 во 19:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полноправното членство во Европската Унија останува непроменета стратешка цел на државата, со доследна примена на европските правила и вредности на еднаквост, правна сигурност и напредок врз основа на заслуги, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, посветена на Годишниот извештај на Европската комисија за 2026 година.

    Според неа, за напредокот на земјава се пресудни четири димензии: недоволната предвидливост на натамошниот пристапен процес, нејасната граница меѓу критериумите за членство и билатералните политички прашања, недостигот од институционални гаранции дека исполнувањето на договорените услови ќе донесе реален исчекор во преговорите, како и политичката одредница за уставни измени од извештајот за 2022 година.

    „Мора да сториме нешто сите заедно и ние, и нашите соседи, и нашите европски партнери за да излеземе од лавиринтот. Секој што ќе тврди дека се работи само за уставни измени, сметам дека не е искрен. Или има намера, или нема желба да ја разбере позадината на нашата загриженост. Мојата порака кон сите наши соседи е дека добрососедските односи мора да бидат мост кон Европската Унија, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот“, рече претседателката.

    Сиљановска-Давкова посочи дека очекува Европската Унија јасно да стави до знаење оти билатералните прашања што не се дел од пристапните критериуми не смеат да бидат дел од преговарачкиот процес, нагласувајќи дека тој принцип мора да добие реална институционална примена.

    „Реформите и уставните измени, морам да го повторам она што многупати сум го рекла: уставните измени на кои се повикува извештајот не се реформи неопходни според правото на ЕУ. Тие се наметнат услов, надвор од правото на ЕУ. Но точно е дека се дел од заклучоците’, потенцираше Сиљановска-Давкова.

    Оценувајќи дека евроинтеграцискиот пат ниту во иднина нема да биде едноставен, таа истакна дека е потребен висок степен на консензус меѓу политичките партии во Собранието, конструктивен дијалог и заемно почитување меѓу трите власти и граѓанскиот сектор, како и поинтензивни реформи и почитување на мерит-системот.

    Претседателката повика на конструктивна дебата за надминување на слабостите и зајакнување на позитивните аспекти, а на седницата се обратија и евроамбасадорот Михалис Рокас, министерот за европски прашања Беким Сали, претседателите на двете собраниски тела Антонио Милошоски и Венко Филипче, како и пратеници.

    Прочитај повеќе

    Јаревски: Македонија е лидер во искористувањето на европската поддршка

    23.11.2026 во 19:35

    Средба Муцунски – Герапетритис во Атина: Во фокусот европската интеграција и билатералните односи

    23.11.2026 во 17:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.