Close Menu
Press24
    Најново

    Албанија се огласи по обвинувањата за вмешаност во нападот врз руски бродови

    23.11.2026 во 18:34

    Украина нападна руски бродови кај Либија, 10 повредени: Триполи реагира – „Нашата територија не е место за пресметка“

    23.11.2026 во 18:27

    Внимателно ако патувате – на овој патен правец има магла

    23.11.2026 во 18:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Албанија се огласи по обвинувањата за вмешаност во нападот врз руски бродови
    • Украина нападна руски бродови кај Либија, 10 повредени: Триполи реагира – „Нашата територија не е место за пресметка“
    • Внимателно ако патувате – на овој патен правец има магла
    • Средба Муцунски – Герапетритис во Атина: Во фокусот европската интеграција и билатералните односи
    • Нови налепници за возилата и казни до 500 евра: Возачите ќе мора да пријавуваат промена на телефон во рок од три дена
    • Нови случаи на семејно насилство низ Македонија: Четири лица приведени, пријавени и закани со смрт
    • Температурите паднаа под нулата: Измерени -2 степени во 16 часот
    • Утре се празнува Свети Мина: Отишле во црква да се молат за девојчето, а за време на операцијата се случило чудо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Албанија се огласи по обвинувањата за вмешаност во нападот врз руски бродови

    Албанија се огласи по обвинувањата за вмешаност во нападот врз руски бродови

    23.11.2026 во 18:342 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Албанските власти категорично негираа каква било вмешаност во нападот со беспилотни летала врз руски бродови крај брегот на Либија, отфрлајќи ги наводите дека операцијата била изведена од албанска територија.

    Во реакција објавена на социјалната мрежа X, Министерството за надворешни работи на Албанија оцени дека ваквите извештаи се неточни и не ја одразуваат реалната состојба.

    „Албанија не била вклучена во овој инцидент, а нејзината територија не била користена или ставена на располагање за започнување или олеснување на таков напад“, се вели во соопштението, додавајќи:

    „Категорично ги отфрламе овие обвинувања, изнесени без проверливи докази“, соопшти Тирана.

    Од Министерството воедно ги повикаа оние што шират вакви тврдења да објават корекции и да постапуваат точно, со должно внимание и одговорност при известувањето за чувствителни прашања.

    Официјалната реакција на Тирана следува откако украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска потврди дека руски воен брод бил потонат вчера во напад со беспилотни летала во либиско пристаниште.

    Според властите што ја контролираат источна Либија, експлозијата на бродот во поморската база во Бенгази настанала додека тој се прикотвувал за полнење гориво и други залихи пред враќањето во Русија.

    Зеленски соопшти дека во ударот бил погоден и втор руски брод – товарен брод за кој постојат тврдења дека служел за транспорт на оружје, додека Кремљ по инцидентот предупреди на „ескалација на тензиите во регионот“.

    Опишувајќи ја акцијата како „примерната украинска операција како одговор на војната на Русија“, Зеленски прецизираше дека со седум поморски дронови била нападната и потоната корветата „Меркури“, еден од најновите руски бродови, а погоден бил и рускиот контејнерски брод „МВ Ангара“.

    Прочитај повеќе

    Украина нападна руски бродови кај Либија, 10 повредени: Триполи реагира – „Нашата територија не е место за пресметка“

    23.11.2026 во 18:27

    Бара 70.000 евра за тајните на српски производител на ракети: Хакер украл ракетни планови и лозинки

    23.11.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.