Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и сите патни правци во земјава се проодни, но коловозите се претежно влажни, а на планинскиот превој Стража има магла што ја намалува видливоста до 100 метри, соопштија од ЈП „Македонијапат“.
На патните правци низ усеци и клисури постои можност од појава на поситни одрони.
Од ЈП „Македонијапат“ упатуваат апел до возачите да управуваат со возилата внимателно, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја приспособат брзината кон состојбата на коловозите.

