Close Menu
Press24
    Најново

    Украина нападна руски бродови кај Либија, 10 повредени: Триполи реагира – „Нашата територија не е место за пресметка“

    23.11.2026 во 18:27

    Внимателно ако патувате – на овој патен правец има магла

    23.11.2026 во 18:17

    Средба Муцунски – Герапетритис во Атина: Во фокусот европската интеграција и билатералните односи

    23.11.2026 во 17:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Украина нападна руски бродови кај Либија, 10 повредени: Триполи реагира – „Нашата територија не е место за пресметка“
    • Внимателно ако патувате – на овој патен правец има магла
    • Средба Муцунски – Герапетритис во Атина: Во фокусот европската интеграција и билатералните односи
    • Нови налепници за возилата и казни до 500 евра: Возачите ќе мора да пријавуваат промена на телефон во рок од три дена
    • Нови случаи на семејно насилство низ Македонија: Четири лица приведени, пријавени и закани со смрт
    • Температурите паднаа под нулата: Измерени -2 степени во 16 часот
    • Утре се празнува Свети Мина: Отишле во црква да се молат за девојчето, а за време на операцијата се случило чудо
    • Министерството за здравство со осуда за нападот во „Јане Сандански“: Насилството врз лекарите мора да се санкционира
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Украина нападна руски бродови кај Либија, 10 повредени: Триполи реагира – „Нашата територија не е место за пресметка“

    Украина нападна руски бродови кај Либија, 10 повредени: Триполи реагира – „Нашата територија не е место за пресметка“

    23.11.2026 во 18:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Либиската влада на национално единство побара од Украина официјално објаснување за поморските напади врз руски бродови во близина на Бенгази, во кои беа повредени десет лица, порачувајќи дека нејзината територија не смее да се користи како арена за пресметки.

    Соопштението од Министерството за надворешни работи со седиште во Триполи следуваше откако украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Киев стои зад нападите во близина на либискиот брег. Зеленски изјави дека украинските сили употребиле седум поморски дронови од домашно производство за да го потонат рускиот воен брод „Меркури“, да уништат воен хеликоптер Ка-27 и да го погодат товарниот брод „МВ Ангара“, за кој тврди дека превезувал оружје за Москва.

    Либиски извори соопштија дека во нападот со беспилотни летала врз рускиот воен брод закотвен во пристаништето Бенгази се повредени десет лица, додека во одделен удар бил погоден и товарен брод со знаме на Малта во близина на брегот, чиј екипаж бил евакуиран.

    Од либиското МНР изразија „длабока загриженост и осуда“ поради изјавите на украинските претставници и побараа „официјално објаснување во врска со природата и обемот на најавените операции“, како и истрага за да се утврди дали либиската територија или објекти биле искористени за планирање, извршување или логистичка поддршка.

    Во реакцијата се нагласува дека војната меѓу Русија и Украина „не ѝ дава право на ниту една страна да ги префрли воените операции на територијата на Либија или да го користи суверениот простор на Либија како арена за пресметки“, оценувајќи дека таквите дејствија се спротивни на Повелбата на ОН и меѓународното право.

    Министерството предупреди дека користењето цивилни пристаништа и објекти надвор од државната контрола претставува „директна закана за националната безбедност“ и може да ја вовлече земјата во странски конфликти, додека Мисијата на ОН во Либија одделно повика на независна истрага.

    Во меѓувреме, рускиот амбасадор во Либија, Аидар Аганин, порача дека Москва разгледува опции за реакција и дека нападите „нема да останат неодговорени“.

    Инаку, Либија останува поделена меѓу меѓународно признатата Влада на национално единство во Триполи, предводена од Абдул Хамид Дбеибех, и ривалската администрација на истокот со седиште во Бенгази, на чело со Осама Хамад.

    Прочитај повеќе

    Бара 70.000 евра за тајните на српски производител на ракети: Хакер украл ракетни планови и лозинки

    23.11.2026 во 13:19

    Пациент си ја запалил постелата во болница, 15 лица повредени – Драма во Берлин

    23.11.2026 во 09:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.